Honda – самостојно управување

Вести

Legend ја воведува автономијата!

Имплементирано ниво 3 за автоматски функции на возење под дефинирани услови.

објавено 08. март 2021

Со објавувањето на веста дека Honda Legend Hybrid EX ќе биде достапна во Јапонија од 5 март, јапонците го претставија системот наречен „Honda Sensing Elite“. Тој се заснова на безбедносната технологија која е стандардна опрема во сите возила на Honda понудени во Европа. Иновациите вклучуваат пилот-функции во сообраќаен метеж, кои овозможуваат возилото автоматски да го следи текот на сообраќајот. Ова овозможува системот да ја преземе контролата на возилото од возачот во одредени ситуации, на пример, во густ сообраќај или на автопат. За својот проект Honda доби одобрение од јапонското Министерство за земјиште, инфраструктура, транспорт и туризам. Однадвор, новата верзија на Honda Legend може да се препознае со сини помошни светла, ексклузивни алуминиумски тркала и дискретно интегрирани сензори. Внатрешноста се одликува со специјални индикаторски сијалички и 12,3-инчен LCD дисплеј задолжени за информирање на возачот за тековниот статус на системот од кого, во секое време, може веднаш да ја преземе контролата над возилото.