Honda – Произведен 500 милионитиот мотоцикл

Од 1949-та, кога Honda започна со масовно производство на мотоцикли, достигната е бројката од 500 милиони!

Во светот постојат многу производителина мотоцикли, но само еден е поим за нив.

Од своето основање во 1948 година, Honda развива и нуди производи и услуги што ги задоволуваат потребите на клиентите во многу земји и региони, врз основа на верувањето дека целта на технологијата е да им го олесни животот на луѓето.

Првенецот на Honda беше Dream D-Type. Таквиот пристап се покажа како победнички и е еден од најважните фактори на брзата глобализација на компнијата. Уште во 1959 Honda започна со продажба на своите двотркалци во САД, а првиот производствен погон во странство започна со работа во Белгија во 1963 година.

Од тогаш Honda го прошири своето производство на глобално ниво во согласност со својот фундаментален принцип, производството да се одвива локално каде што има побарувачка.

Во Северна Америка отворена е првата фабрика во 1979 година, во Мерисвил, Охајо, од каде излегуваше мотоциклот CR250M Elsinore. Осумнаесет години подоцна Honda достигна бројка од 100 милиони единици, 200 милиони единици во 2008 година и само шест години подоцна забележани се 300 милиони единици.

Во 2018 година, годишното производство на Honda надмина 20 милиони единици, а кумулативното глобално производство достигна 400 милиони единици во 2019 година. Церемонијата за 500 милионитиот произведен мотоцикл се одржа во индијската фабрика на Honda, а тој е скутер.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER