Honda го освежи најголемиот свој модел на американскиот пазар, кросоверот Pilot.

Неговата четврта генерација која се покажа како полн погодок сега се одликува со помоќен визуелен настап, модернизирана кабина и унапредени безбедносни пакети.

Дизајнерските измени можеби не се револуционерни но сепак се доволно впечатливи. Барем напред каде се забележуваат поизразената маска и робусниот браник додека назад сé остана скоро исто.

Поголем исчекор е направен во кабината каде доминира новиот централен екран придружуван од дигиталната инструмент табла. Звучната изолацијата значително е подобрена а со доработениот систем за управување возењето стана порафинирано.

Под хаубата остана проверениот 3,5 литарски мотор со 285 коњски сили спарен со десетстепена автоматика, додека типично американски погонот на сите тркала е само опција.

Овој кросовер долг 5,1 метар кој се произведува во сојузната држава Алабама освен во Северна Америка се продава уште и на Блискиот Исток.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER