За да ја покаже цврстината на конструкцијата на својот најнов американски модел Passport, Honda изведе луд експеримент – закачи три возила едно за друго заедно тешки повеќе од шест тони и ги подигна триесетина метри во воздух.
Тоа треба да докаже дека овој кросовер во својата нова генерација свртува повеќе кон вистинските теренци. Малку е поголем од CR-V и чини високи 45 илјади долари што е најмногу во понудата на марката ако не ги сметаме електричните и водородните модели.
Опремен е со 3,5 литарски V6 мотор кој со своите 285 коњски сили и теренски подесениот систем за погон на сите тркала лесно ги совладува предизвиците. Во тоа помагаат и десетстепениот автоматски менувач и камерите што го снимаат теренот под возилото.
Од овој модел Honda лани продаде 32 илјади примероци, бројка која се очекува годинава да биде барем за дваесетина отсто повисока. Освен во Америка каде се произведува, Honda Passport не е достапен никаде на друго место во светот.