Honda – NT1100

Моторцикли насловна

Универзален воин

Долгите рути на две тркала во знакот на удобноста и агилноста

објавено 25. октомври 2021

Новиот туринг мотоцикл на Honda со ознака NT1100 настанат е како одговор на желбите на возачите за врвни перформанси, добра управливост, комфор на долги патувања и многу модерна технологија. Јапонскиот производител вели дека со спортска острина ефикасно излегува на крај со секојдневните релации и подеднакво е подготвена за долги тури со двајца патници и полн товар. За истовремено да се постигне да биде и комфорен и агилен, опремен е со пет режими на работа, меѓу кои два прилагодливи и еден специјален за патувања со уживање. Основата ја чинат рамката и двоцилиндричниот мотор од Africa Twin кој од своите 1.084 кубни сантиметри испорачува 102 коњски сили и 104 њутн-метри вртежен момент распослан во широк режим на работа.

Динамичноста ја обезбедуваат релативно краткото меѓуоскино растојание и острата геометрија на управување, а стабилноста и удобноста предната инвертирана Showa вилушка и едноцевниот заден амортизер со хидраулично подесување на преднапрегањето. Двојните предни сопирачки од 310 милиметри се впарени со радијално поставени четириклипни клешти, а височината на ветробранот може да се подесува на 5 нивоа. Меѓу бројните елементи кои го прават овој мотоцикл привлечен за патувања се и големите странични куфери, загреваните рачки, темпоматот, USB конекторите и друго. Стандардни се и светлата комплетно во ЛЕД технологија, а опција е шестстепениот автоматизиран менувач со двојна спојка. Од Honda уште наведуваат и дека резервоарот за гориво од 20 литри на овој мотоцикл му обезбедува автономија од цели 400 километри.