Одиме на струја!
Потпишаното писмо за намери ќе ја омасови електрификацијата на моторциклите
објавено 02. март 2021
Honda објави дека заедно со KTM, Piaggio и Yamaha ќе формираат конзорциум за креирање на променливи батерии за моторцикли и лесни електрични возила. Во контекст на Париската климатска спогодба и транзицијата на електромобилност, оснивачите на конзорциумот веруваат дека воведување стандардизација во систем на променливи батерии со што ќе се дојде до масовно воведување на електрификацијата и одржувањето на батериите во оптимален животен циклус. Ваквиот концепт го продолжува опсегот на движење, го крати времето за полнење и ги намалува оперативните трошоци. Целта е да се дефинира стандардизирана техничка спецификација на заменливи батерии за возилата од категоријата L каде припаѓаат мопеди, моторцикли, трицикли и квадрицикли. Според писмото за намери конзорциумот ќе ги започне своите активности во мај. Четирите оснивачи ги охрабруваат заинтересираните да пристапат на оваа платформа која има голем потенцијал.


