Honda – HR-V

Поглед во иднината

Хибридот задолжителен

Со закажаното лансирање на HR-V, Honda во Европа стандардно со хибриден погон

објавено 31. јули 2021

Веќе е познато и закажано доаѓањето на новата генерација на Honda HR-V на Стариот континент, а периодот што останува до финалната дата е погоден за појаснувања на финесите. Последна новост што сите изведби на популарниот кросовер стандардно ќе бидат со хибриден погон. Ова ја прави новата генерација на компактниот теренец, по CR-V и Jazz, третиот модел на марката што работи со хибридна технологија e: HEV.

Целосниот хибриден систем се состои од два електромотори, 1,5-литарски бензинец, литиум-јонска батерија и директен погон со интелигентна контролна единица. Во новиот HR-V, тој обезбедува вкупна моќност од 131 КС и вртежен момент од 253 Nm. HR-V забрзува од место до 100 км/ч за 10,6 секунди. Потрошувачката на гориво е декларирана со 5,4 л/100 км според WLTP и бележи емисии на CO2 од 122 г/км. Honda ќе ги опреми сите модели во Европа со електрифицирани погони до 2022 година.