Honda Civic Type R – Збогување со Европа

Honda го повлекува од европскиот пазар иконскиот модел идната година.

За да го обележи тоа ја се лансира Honda Civic Type R „Ultimate Edition“, ограничена на само 40 возила.

Дизајниран да ги прослави 28-те успешни години последното издание има каросерија обоена во Championship White која е украсена со црвени налепници на хаубата и страните на автомобилот.

Покривот е обоен во црно, а спојлерот и праговите на вратите се направени од јаглеродни влакна. Овој материјал може да се најде на централната конзола.

Панелите на вратите, држачите за чаши, централната конзола, просторот за нозе и просторот под седиштата се нагласени со дополнително осветлување.

Кога предните врати се отворени, логото „Type R“ се проектира на тлото во боја.

Секој купувач ќе добие кутија што содржи нумериран амблем од 1 до 40, приврзок за клучеви од јаглеродни влакна, специјални подни простирки и прекривка за возилото.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER