Електричен изглед со октански татнеж
Како круна на одбележувањето на пет деценискиот јубилеј на Civic, доаѓа R-Type!
По многу нешта Honda е позната, но планетарната слава ја достигна со своите R-Type изведби. Меѓу нив најпопуларна стана онаа на Civic, па не случајно таа е оставена за крај. Следната година ќе се најде во продажба, а нејзиното најавување веќе поставува нови стандарди соборувајќи го рекордот на патеката Сузука во Јапонија.
Дизајнирана е да го испорача највозбудливото искуство досега, врз основа на долга традиција што ја негува Civic Type R. Инженерите на Honda го подобрија секој аспект на новиот модел, вклучително и дизајнот кој ги зголемува аеродинамичните перформанси. Развиен според дизајнерскиот концепт „Ultimate Sports 2.0“, новиот Type R се заснова на елегантната и спортска силуета на неодамна откриениот Honda Civic e:HEV.
За да го подобри својот спортски изглед и перформансите во возењето, Type R е значително понизок и поширок. Надворешниот дизајн се карактеризира со нагласени детали на предниот и задниот браник, како и паметно интегрирани дизајнерски карактеристики на задните врати и лакови специјално развиени за Type R кои придонесуваат за максимизирање на аеродинамиката.
Изборот на боја на каросеријата ја вклучува историската Championship White, како и Rallye Red, Racing Blue, Crystal Black и Sonic Pearls Grey. Внатрешноста испорачува високо ниво на удобност, практичност и префинетост што се карактеристични за целосно новиот Civic e:HE, и амбиентот е подобрен со детали фокусирани на перформансите.
Лесните предни спортски седишта нудат исклучителна поддршка за да се обезбеди удобност и на патеката и при долги возења во сообраќај. Покрај режимите Comfort, Sport и +R, воведен е и нов „Индивидуален режим“ кој овозможува посебни прилагодувања на возењето. Civic Type R е познат по своите моќни и еластични мотори кои со задоволство вртат до високи вртежи. Новиот модел е наградување на претходниот Type-R мотор, а дали ќе има електрична подршка уште ништо не се знае.