Honda – Civic

Поглед во иднината

Најавен хечбекот

Хонда ги објави првите фотографии од следната генерација на Civic со пет врати.

објавено 25. јуни 2021

Изгледа дека од таборот на Honda поклониците на успешниот Civic ги подгреваат на тивок огин. Само еден ден по објавувањето дека седанот од 11-тата генерација ќе дојде во Европа на почетокот на идната година, објавија уште една пикантерија врзана за гамата на нивниот компакт.

Добрата вест е што првите фотографии го покажуваат изгледот на верзијата со пет врати, но тажната е што таа ќе биде достапна на есен 2022. Вреди да се чека бидејќи хечбекот ќе дојде со хибриден погон како дел од стандардната спецификација веќе имплементиран во моделите Jazz и CR-V.

Civic останува основен модел на Honda во Европа и последната генерација се базира на скоро 50 години наследство, обезбедувајќи ја употребливоста, удобноста и визуелната привлечност по која е познат моделот. Од неговото лансирање во 1972 година, Civic е одлично прифатен од клиентите ширум светот, продавајќи повеќе од 27 милиони единици низ 170 земји.