Во пресрет на EICMA Honda започна со загревање на јавноста за своите новитети и ја претстави новата ѕвезда во својата понуда со кој ќе се збогати семејството Hornet. Дизајнот е чист и агресивен, со карактеристични двојни LED светла кои му даваат остар изглед.

Резервоарот и задниот дел се обликувани да го задржат традиционалниот Hornet изглед, додека минималистичката структура дополнително ја нагласува спортската природа. Со срце преземено од CBR1000 Fireblade овој мотоцикл обезбедува возбудлива комбинација на перформанси и управливост.

Тоа го гарантираат неговите 152 коњски сили кои ги развива при 11.000 вртежи во минута, менувачот со кратки преноси и новата рамка со висока цврстина. Предната Showa вилушка и низата напредни функции на софистицираната електроника со пет режими на возење и стандарден систем за итно запирање овозможуваат извонредна и безбедна динамика.

За возачите кои сакаат повеќе на располагање е и SP варијантата со плус 5 коњски сили и висококвалитетни компоненти како што се подесливите Öhlins задни амортизери и Brembo сопирачките.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER