Honda е хакирана, производството запрено

Занимливости

Honda е хакирана, производството запрено

Јапонскиот производител на автомобили Honda мораше да затвори дел од своите капацитети заради хакерски напад

Објавено на 10 јуни 2020 година

Соочени со мрачните хакерски сили, Honda беше принудена да го прекине производството во дел од своите погони. Официјалните извештаи засега се однесуваат само за фабриките во Америка, но со оглед на тоа дека истиот софтвер во нив е низ целиот свет не би требало да изненади проширување на листата загрозени. Посебно ако се знае дека ова не е прв пат – нешто слично веќе се случи во 2017-та година кога меѓу другите и Honda беше мета на глобалниот хакерски напад кој имаше за цел да извлече „откупнина“ за да ги врати серверите во оперативна состојба. Сега изгледа не е таков случај, но за да не се загрози безбедноста одговорните од Honda хакерскиот напад го сфатија сериозно и не се двоумеа да запрат со производството. Иако нападот се случил во неделата, истрагата за можните последици сé уште е во тек и додека не биде завршена сите производствени операции на Honda во Америка ќе бидат запрени. Сепак заради глобалната поврзаност на системите, аналитичарите за компјутерска безбедност проценуваат дека би можеле да бидат зафатени и јапонските и европските сервери на Honda.

 

клучни зборови: