Honda :: Електриката против традицијата

Електриката против традицијата

Иднината е во електричните возила, но сегашноста, барем за Honda, ни оддалеку не е

објавено на 10 мај 2019 година

Honda е еден од последните производители на автомобили кој се вклучува во електричната трка. Адутот за тоа веќе е подготвен и во неговата сериска изведба наменета за Европа ќе го видиме есенва во Франкфурт. Но Honda нема така лесно да се откаже од моторите со внатрешно согорување, бидејќи со продукција од околу 14 милиони вакви агрегати тие се нивни најголем производител во светот. Затоа ако веќе не можат да ги вградуваат во автомобилите, Јапонците ќе направат сé нивното место да биде загарантирано во другите производи на компанијата. На пример во косилките за трева. Звучи чудно, но токму од тие причини Honda подготвува нов напад на брзинскиот рекорд постигнат со нив. Тој и порано беше во нивно владение, но група откачени Норвежани им го зедоа со косилка за трева во која монтираа V8 мотор од Chevrolet Corvette. На нивната провокација Honda ќе одговори со свој продукт со агрегат од тркачкиот Fireblade мотоцикл со 192 коњи, со кој се надеваат дека ќе постигнат апсурдни за ваков апарат 240 километри на час. Но и покрај сé, негова основна функција – косењето трева, ќе биде задржана.

Да им посакаме среќа!

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER