Hayabusa сепак (не) е мртва

Hayabusa сепак (не) е мртва

Објавено на 11 јули 2019 година

Имаше и вакви и онакви вести, но сега сé е јасно – Hayabusa сепак (не) е мртва. Пренагласувањето на веста дека јапонската марка ќе го прекине производството на овој модел доведе до забуна во која секој различно ги сфати информациите и веруваше во тоа што го сфатил. Но сега во екот на сезоната и со веќе формирана понуда за идната моделска година стана јасно дека Hayabusa (или GSX1300R) заради доаѓањето на власт на Еуро 4 нормите е минато за европските купувачи на Suzuki. Но не и за американските – тие и понатаму ќе можат непречено да уживаат во возбудувањата што овој најбрз мотоцикл на светот ги нуди. Дали и понатаму ќе остане во американската понуда на марката не е сосема јасно, бидејќи се продава како модел за 2019, а не за 2020 година. Но како и да е, веќе на големо се зборува за развој на Еуро 5 верзија на овој 200-коњски мотоцикл. Овие норми за новите типови мотоцикли ќе станат задолжителни после нова година.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER