Harley-Davidson Revelation

Harley-Davidson Новитети

Harley-Davidson Revelation

На електрификацијата не можеше да се спротивстави ниту Harley-Davidson
Објавено на 1 јуни 2018 година

Славниот американски мото-производител Harley-Davidson објави дека ќе лансира електричен модел. Проектот е започнат пред четири години, но сé досега беше третиран како експеримент. Серискиот мотоцикл треба да се појави за 18 месеци, најверојатно под името Revelation. Злобните јазици велат дека ваквата одлука е донесена под притисок на сé помалата продажба на класичните американски машини. Заради слабите резултати од работењето Harley-Davidson го затвори погонот во Канзас Сити и отпушти 800 работници. Сепак не се сите вести лоши – половината од нив ќе се вработат во новите капацитети за производство на електричните мотоцикли. За нив засега не се објавени никакви детали освен Harley-Davidson Revelationдека заедно со иновативниот пристап ќе донесат и нов, сосема поинаков звук. Се прашувавме каков, бидејќи сите добро знаеме дека електричниот погон е бесшумен. Исто така знаеме и дека мотоциклите на Harley-Davidson се познати токму по бучноста и вибрациите. Но факт е дека сегашните генерации купувачи не се заинтересирани за техниката стара половина век. Така на сите им останува да се стрпат уште година ипол, кога за Harley-Davidson ќе започне нова ера.

П.С. Нема врска со текстов, но погледнете добро што на левата натколеница носи девојката од фотографијава. Механиката стара половина, па и цел век, сепак сé уште има смисла, макар и во погрешен контекст.

Harley-Davidson Revelation

клучни зборови: , , ,