Harley Davidson – Pan America

Моторцикли насловна

Лов на терен од јуни

Култниот моторциклистички бренд од Милвоки го претставува своето прво ендуро!

објавено 24. февруари 2021

За традиционалните вљубеници во Harley Davidson најавениот модел Pan America нема смисол. Тоа е ендуро, не чопер?! Па кога можеа спортски марки на автомобили да направат теренци, зошто да не може производител на чопери да направи ендуро? Како двигател служи ново развиен 1,25 литарски V2 со агол на цилиндрите од 60 степени, кој мобилизира 152 КС  при 8750 вртежи во минута. Исто така, служи како придружен елемент што ја краси шасијата. Максималниот вртежен момент од 128 Nm е на 6.750 врт/мин.

Harley Davidson Pan America 1.250 е тежок 245 килограми кога е подготвен за возење. 1250 Special верзијата има полуактивна шасија што автоматски се прилагодува на товарот и ја спушта висината кога возилото е во мирување за полесно седнување или станување. Системот тежи 13 килограми повеќе. Поставен на 19-инчни тркала напред и 17-инчни назад Pan America 1250 има оптимизирана електронска дистрибуција на силата на сопирачките, систем за спречување на пролизгување и контрола на влечење во свиок. Функциите на инструментите и инфо-забавата се прикажуваат на 6,8-инчен TFT екран чуствителен на допир. Контрола на крстарење и пет режими на возење, вклучително и два за теренска употреба, се стандардни. Во Германија Pan America чини 16.555 евра, а изведбата Special 18.555 евра.