Harley-Davidson – Livewire повторно во небрано

Top News Моторцикли

Со апдејт до решение

Дали е прерано за електриката на две тркала?

објавено 18. ноември 2020

Harley-Davidson започна повлекување поради дефекти и багови во моделот Livewire бидејќи погонот на електричниот мотоцикл може одеднаш да запре поради проблем со софтверот. Покрај тоа, машината не може да се стартува повторно. Околу 1000 модели се погодени ширум светот, веројатно повеќе од 200 во Европа. Грешката треба да се поправи со ажурирање на софтвер, интервенција што трае околу 45 минути. Од кога беше лансиран во САД минатата година, ова е втор пропуст што треба да се отклони кај Livewire покрај оној што го имаше со полначот. Инаку Harley-Davidson е првиот голем производител што се осмели да лансира електричен мотоцикл. Пионерските чекори се тешки, но знаејќи ја упорноста на американците се очекува брзо надминување на проблемите.