Harley-Davidson – CVO Road Glide ST & CVO Pan America

За оваа година американската моторциклистичка икона, покрај интервенции во изгледот, го засили двоцилиндерскиот V мотор.

Во средината на минатата година беше претставена посебната изведба CVO Road Glide, а како аргумент за 2024-та доаѓа неговата уште подотерана ST верзија. Сега од моторот се цедат 128 КС и 193 Nm.

Тоа е 23 коњи и 24 Nm повеќе од веќе понуденото, а добиени се со зголемување на вртежите на моторот. Вака стокмениот агрегат е со највисок стандарден вртежен момент во Harley-Davidson и ја носи ознаката High Output. Новиот топ модел не е само визуелно базиран на тркачките машини. CVO Road Glide ST ги има дополнителните поставки Race и Race plus за динамично возење. Посебна карактеристика, покрај црвените акценти на црниот мотор и графиката Screamin’ Eagle која се протега од резервоарот до облогата, се елементите направени од видливи јаглеродни влакна, кои го прават секој примерок уникатен.

Елементите на суспензијата Showa се целосно прилагодливи, а аудио системот испорачува 500 вати. Пред јавачот е и целосно дигитален кокпит со 12,3 инчен екран на допир во боја, што е ново за оваа моделска година. Вистинските вљубеници во марката секогаш ќе ги оправдаат дури и минималните дотерувања за да најдат аргумент да избројат 47.000 евра за посебното издание.

За оние што немаат толку пари, а ја сакаат марката и нејзините посебно дотерани модели, страстите ќе им ги задоволи CVO Pan America. Покрај тоа што е поевтина за цели 19.000 евра оваа изведба не ве заковува само за асфалто. Ендуро по вокација, овој модел од истиот V2 мотор од 1.250 кубни сантиметри вади со 152 КС, а згора на тоа има побрз менувач, алуминиумски куќишта, дополнителни фарови, малку помал визир и заштита на предните светла и решетката на ладилникот.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER