Ултра скап минимализам
Откако лани експресно ги распродаде сите сто примероци од суперавтомобилот T.33, инженерскиот гуру Гордон Мари ја подготви и неговата отворена верзија.
Благодарејќи на каросеријата од карбонски влакна таа е за само 18 килограми потешка од купето. Крутите плочи од покривот лесно можат да се сместат во багажникот, а зад вратите во бочните страници на каросеријата направени се уште два простора за багаж за помали патни торби.
Вратите се во облик на крила на пеперутка, а кокпитот е уреден во духот на строг минимализам. Во него нема дури ни мултимедиски систем, наместо кој двајцата патници се охрабруваат да уживаат во ветрот и звукот на Cosworth V12 моторот.
За да се слуша подобро, задното стакло е електрично и може да се спушти. А тој кога ќе се сврти до максималните 11.100 вртежи во минута од своите 3,9 атмосферски литри ќе испука 609 коњски сили кои ќе ги предаде исклучиво на мануелен менувач.
За разлика од купето автоматската опција е исфрлена. Ослонувањето е тркачко со двојни рамења но амортизерите се конвенционални, без прилагодување. Тркалата се ултралесни, сопирачките карбон-керамички а перформансите непознати.
Компанијата на Гордон Мари и од овој модел планира да направи сто примероци чија испорака ќе започне при крајот на оваа или на почетокот на идната година. Иако цената е поставена на 1,89 милиони фунти нема сомнение дека и овој автомобилски деликатес бргу ќе се распродаде.



