GMC – Hummer EV SUV

Поглед во иднината

Daddy is home!

Долго најавуван и желно очекуван, Hummer го најави враќањето на култниот теренец кон своите корени.

објавено 09. април 2021

Новото време му донесе моќни електромотори и мноштво иновативни технологии за кои Американците се подготвени дебело да го одврзат ќесето. Затоа и цените му започнуваат од 80 илјади долари, колку што чини верзијата со 625 коњски сили и автономија од 400 километри. Додавањето помоќни батерии кои се полнат на 800 волти и обезбедуваат поминување дополнителни 80 километри ќе треба да се плати уште десет илјади долари, а исто толку поскапо чини и верзијата со три електромотори и 830 коњски сили.

 

Фокусот на General Motors сепак ќе остане на пикап верзијата на Hummer која е на располагање и со екстремни 1.000 коњски сили. Таква верзија за теренецот не е најавена, но до 2023 година кога ќе започне неговото производство има уште доста време. Дотогаш светот ќе открива дека Hummer има управување на сите четири тркала, полуавтономни можности кои овозможуваат возење без раце на мапирани 300 илјади километри патишта низ Северна Америка и други иновативни можности. Ултимативните теренски способности му ги обезбедуваат ослонувањето со прилагодлива височина со максимален клиренс од повеќе од 40 сантиметри и специјалните режими на возење. За комфорот пак ќе се грижи луксузно уредената внатрешност во која кога патуваат две лица собира 2,3 кубни метри багаж.