Gilles Vidal – премина во Renault

Top News

Изгледот на Renault треба повторно да се оживее!

Присутен неполн месец на челото на Renault темпераментниот Лука де Мео започна да ја остварува својата визија за марката која ја води.

објавено 29.07.2020

Видливите промени започнуваат од секторот за дизајн. Поточно не се класични промени, но се работи за зацврстување на редовите. Прв човек на дизајнот останува Лауренс ван дер Акер кој посака топло добредојде на двете засилувања. Првото е сосема неочекувано. Тоа е Жил Видал кој до вчера беше главен за дизајн на Peugeot. Лука де Мео изјави дека е многу возбуден што успеа да го донесе дизајнерскиот визионер во Renault каде ќе биде задолжен изгледот на идните модели да стане ”вамп” со изразена нота на вредност на марката. Новата улога, во која ќе настапи во ноември, е прва вон групацијата РЅА откако Жил Видал започна да работи во центарот за надворешен дизајн во Citroen 1996.Негова заслуга и остварување се изгледот на спортско-корисните возила 2008, 3008 и 5008, како и новиот 208 и лимузината 508 со нејзината караванска верзија. Второто засилување доаѓа од Марторел каде Лука шефуваше со години. Алехандро-Масонеро Романос е човек на кого ЅЕАТ му признава дека е најзаслужен за темпераментниот и спортски впечаток кого ги краси последните модели на марката.