„Генијален“ начин за справување со кризата во Турција
Објавено на 18 август 2018 година
Турција се соочува со голема криза – лирата паѓа, економијата тоне, а народот осиромашува. Во таква ситуација луѓето започнуваат да мислат „иновативно“ како да преживеат, но начинот на кој еден Турчин решил да се справи со кризата е генијален. Имено, еден учител во јужната област Хатај кој се претставувал како дилер на автомобили, на луѓето им кажувал дека државата на аукција распродава автомобили кои властите ги заплениле, далеку поевтино од нивната пазарна цена. И навистина – на првите неколку купувачи им испорачал возила за околу 4.200 евра под нивната реална вредност, по што интересот нагло се зголеми. На сите им покажувал слика на мобилен телефон од возилата, но им кажувал и дека тој сам нема доволно пари за да ги купи па после да им ги препродаде, туку дека заинтересираните ќе мора однапред да платат за нив – што побргу тоа подобро, бидејќи, нели, некој друг може да ги грабне.
И така, нарачките започнале да пристигнуваат – вкупно 80 луѓе му платиле, меѓу кои еден се истргнал 170.000 евра за 23 автомобили. Но еден ден учителот едноставно ја напуштил куќата во која живеел и го снемало со нивните пари – дури 8,5 милиона евра. Со него сега се расправаат државните органи, од каде стигнуваат вести дека бројот на прелажаните всушност е многу поголем бидејќи некои од нив не го пријавиле во полиција.