Женева 2024 – BYD со тешка артилерија

Сакајќи да покаже колку голем може да биде, BYD во Женева настапи со моќен арсенал новитети

Неколку премиери и нови технологии – настапот на кинескиот BYD по ништо не се разликуваше од она што го гледавме кај етаблираните марки поранешните години во Женева. Акцент во серијата новитети беше ставен на кросоверот Seal U со суфикс DM-i зад кој се крие напредна плаг-ин хибридна технологија. Развиена е за исклучителна ефикасност и во себе ги има интегрирано Blade батериите со пулсно загревање за дополнителна заштеда на енергијата. Контролерот на хибридниот систем дава поголем приоритет на електричниот погон. Продажбата на овој елегантен и простран кросовер од Д-сегментот треба да започне во вториот квартал годинава.

Главен негов придружник во Женева беше големиот YangWang U8, чија моќна појава недвосмислено  кажуваше дека под лимот располага со ѕверски електричен систем. Сочинет е од четири независно контролирани електромотори кои според глобалните спецификации развиваат дури 1.200 коњски сили. Прецизно регулираната возна динамика му обезбедува робусни способности за справување со секаков терен, во што помага и интелигентниот систем за контрола на шасијата. За поголема автономија располага со дволитарски турбо мотор кој служи како генератор на струја. Индикации за тоа колку ќе чини овој луксузен теренец и кога би се нашол на европскиот пазар, засега нема.

Женевската приказна BYD премиерно ја дополни уште со нова верзија на Tang со седум седишта и уште еден член на Denza семејството, електричниот кросовер N7.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER