Genesis – Concept X

Поглед во иднината

Елеганција на струја

Се чини дека големите купеа се род на изумирање…

објавено 02. април 2021

По прекинувањето на производството на купето од С-класата и претстојното привременото заклучување на фабриката на Polestar 1, има само неколку конкуренти во Gran Turismo класата со две врати. Тука спаѓаат BMW Серија 8 и Lexus LC.

Но, оваа форма продолжува да ги мотивира дизајнерите. Корејската луксузна марка Genesis покажа како може да изгледа новото купе од луксузна класа преку елегантната, издолжена контура на студијата наречена X Concept. Класично пропорционалното, мускулесто тело со две врати се базира на архитектура на електрично возило.

Елегантно дизајнираниот ентериер има четири седишта, кои се пресвлечени во различни бои и имаат систем за безбедносни ремени со четири точки. Кокпитот е ориентиран кон возачот додека кожениот волан со два крака ги содржи повеќето команди за инфо-забавниот систем. Концептот Genesis X дава јасни индикации за сегашната и идната линија за дизајн на марката, која исто така ќе се појави премиерно во Европа годинава кога треба да бидат лансирани спортските лимузини G70, луксузниот седан G80 и моделите GV70 и GV80 SUV.