Genesis – најавува деби во Европа

Top News

Предизвикувачот влегува во рингот

Со G70, Genesis покрај Азија и Америка сака да влезе на европскиот пазар и да си ја проба среќата!

објавено 15 септември 2020

Сите сакаат да станат премиум бренд, а ако тоа не им тргне од рака, тогаш би продавале по премиум цени. Затоа вештите маркетери измислија групирање како ”суб премиум” во кое се нудат добри материјали, благодарение на глобализацијата, модерна технологија и за нијанса поевтини производи од оние најскапите во класата. Кога се Кроејците во прашање тогаш сето ова важи, но имаат и признание од азијскиот и американскиот пазар дека се докажале во отменото душтво. Така премиум брендот на Hyundai, Genesis, го претстави новиот G70 во Кореја. Седанот исто така ќе дојде во Европа следната година со четири и шест цилиндрични мотори. Сигурно е дека ќе има и ”шутинг брејк” верзија. G70 има моќност до 370 КС (272 kW) и се карактеризира, меѓу другото, со длабока маска на ладилникот во форма на срце помеѓу неговите тесни, хоризонтално поделени фарови. Со овој модел Genesis сака да ги предизвика и да им украде купувачи на германската премиум тројка Mercedes-Benz C-Class, Audi A4 и серијата 3 на BMW. Првично, влезот на Genesis на пазарот беше планиран порано, но поради Корона вирусот беше пролонгиран.