General Motors – LTV

Поглед во иднината

Месечева соната

GM за NASA сака да го развие следниот автомобил за Месечината!

објавено 03. јуни 2021

На заедничката прес конференција со аеронаутичката компанија Локид Мартин  автомобилскиот гигант најави производство на возило наменето за употреба на Месечината кое ќе се користи во престојната мисија Артемис чија цел е трајно присуство на Месечината и воспоставување база. За тие потреби ќе биде направена флота на Lunar Terrain Vehicle (LTV) но специфичните податоци, како што се големината, тежината или опсегот на електрично управуваниот LTV, сè уште не се познати.

 

Повеќе од сигурно е најавениот лунарен автомобил ќе има далеку поголема автономија од Lunar Rover Vehicle (LRV), со кој астронаутите „Аполо“ за прв пат возеле по сателитот на нашата планета во раните 1970-ти и во чиј развој бил вклучен GM. Тогаш најдалечната точка на која стигнал роверот било 7,6 километри од местото на слетување, додека најавениот LTV драстично ќе го зголеми опсегот на астронаутите. Идните лунарни ровери треба да можат автономно да се движат за да можат да превезуваат неопходни материјали или да преземаат независни истражувачки патувања. За таа цел, ГМ сака да ги развие електричниот погон и системите за автоматско возење. Покрај отвореното, Националната администрација за аеронаутика и вселена планира и поголемо затворено возило.