И General Motors се откажа од водородот

Висока цена, слаба инфраструктура…

General Motors соопшти дека прекинува со развојот на технологиите со горивни ќелии. Наместо тоа, компанијата ќе се фокусира на батериски електрични возила. Така сега заговорници на водородот како погонско гориво за патничките возила останаа само Toyota и Hyundai. Претходно се откажа и Stellantis, учеството на Honda останува нејасно бидејќи е поврзано со GM, додека BMW веќе сигурно гази по трасираниот пат да го лансира идниот X5 со погон на водород. Претходно доста производители експериментираа со овој еколошки погон меѓу кои Ford, Nissan, Mercedes и други, но еден по еден сите дигнаа раце. Трендот е јасен – иако стручњаците сé уште веруваат дека водородот е гориво на иднината, производителите ја менуваат стратегијата. Причините не треба да се образложуваат – тие ги наведуваат високата цена и слабата практично непостоечка инфраструктура (во САД само 61 станица) но премолчуваат дека горивните ќелии имаат многу краток животен век.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER