Денеска Renault доби нов извршен директор. Франсоа Провост седна на местото на Лука де Мео кој ја напушти компанијата пред неполн месец. На француската марка добро и оди продажбата, но соочена е со многу предизвици. Франсоа Провост треба да реши многу проблеми, особено загубата од 11,2 милијарди евра во првата половина на годинава, во голема мерка поради промената во начинот на кој Renault го евидентира својот удел во Nissan. Откако започна со ребалансирање на партнерството, на почетокот на 2023 година, Renault оствари три продажби на акции и го намали својот удел во својот јапонски партнер на 35,7 проценти. Новиот извршен директор доаѓа во време кога компанијата почнува да покажува пукнатини во системот и падот на обемот на производство поради послабиот обем на продажба. 57 годишниот Провост е искусен менаџер со 20 години верност на Renault. Тој го предводеше претходниот план за трансформација на компанијата, поставен во 2022 година. Renault во Европа продава 70 отсто од своето производство и треба да се шири на пазарите во развој. Затоа најавени инвестиции во висина од 3 милијарди евра за лансирање на осум нови модели под брендот Renault за неевропски пазари до 2027 година. Renault е рангиран на 15-то место по обем на глобално ниво и често е предмет на озборувања за поврзување со поголемиот конкурент Stellantis. Технолошките партнерства со Geely, исто така, предизвикуваат загриженост поради потенцијалното кинеско влијание или превземање. Затоа Провост седнува во жешка фотеља од која ќе мора да реши многу горливи проблеми


