Во Америка годишно се крадат околу 850 илјади возила.
Меѓу најпривлечните за криминалците е Ford F-150 заради што детроитската компанија воведе нова услуга за заштита. Наречена е Start Inhibit и во основа се состои од технологија која овозможува далечинско блокирање на возилото. За да се користи сопствениците треба да инсталираат апликација која ги известува кога некој влезе во возилото.
Ако пак тоа биде украдено тогаш во координација со полицијата од Ford можат далечински да го исклучат моторот, дури и ако крадецот го има оригиналниот клуч од него. За услугата која чини 8 долари месечно сепак постои големо прашање за приватноста бидејќи сите податоци за возилото дури и личните за неговиот сопственик ќе морат да му бидат ставени на располагање на Ford.


