Ford Puma Стана милионер

Во фабриката во Крајова се произведе милионитиот примерок на Ford Puma

Од своето лансирање, Ford Puma успеа да се наметне како еден од најпопуларните модели во европската автомобилска индустрија. Во 2025 година Puma беше најпродаваниот патнички модел на Ford во Европа, а воедно и најпродаваниот автомобил во Обединетото Кралство три години по ред – 2023, 2024 и 2025 година.

Производството на милионитата Puma е доказ за квалитетот, иновациите и вниманието кон деталите што го прават овој модел толку успешен. Успехот на Puma се должи на внимателно избалансираната комбинација од атрактивен дизајн, практичност и возачко искуство. Моделот е достапен како EcoBoost Hybrid, како и во целосно електричната верзија Puma Gen-E, додека Puma ST Powershift нуди дополнително нагласени перформанси за љубителите на динамичното возење.

Puma e еден од најуспешните модели на Ford во Европа. Со континуираниот развој на електрификацијата и растечката популарност на Puma Gen-E, Ford продолжува да ја гради успешната приказна на еден од своите најважни европски модели. Сите заинтересирани за моделот можат да го посетат изложбениот салон на Гранд Ауто на бул. Босна и Херцеговина бр.1, Скопје и да закажат тест возење, за лично да ги искусат динамичните перформанси, напредните технологии и практичноста што ја направија Ford Puma еден од најуспешните модели на Ford во Европа.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER