Ford – Puma освежена, Focus оди во пензија

Откако Ford ја укина Fiesta, Puma стана неговиот најзначаен модел за Европа кој сега го доби своето редовно освежување

Освежувањата на Puma се премногу воздржани за да промени нешто значајно во пазарното позиционирање, но доволно да го задржи вниманието на купувачите до појавувањето на нејзината електрична верзија. Измените на надворешноста можат да ги забележат само тие што ги правеле – сé се сведува на корекции на амблемите и на предните светла.

Затоа пак внатрешноста на овој модел кој се произведува во Романија е посериозно опфатена. Поедноставениот изглед и функционалностите кои повеќе се базирани на дигиталното опкружување кажуваат дека цел на дизајнерите на Ford била возачот повеќе да се фокусира на возењето. Свежиот изглед ќе додаде помодерна нота додека моторизацијата под хаубата е скратена.

Еднолитарскиот EcoBoost мотор е единствен кој може да се избере, додуша во повеќе варијанти. Основната има 125 коњски сили, а посилната исто така благо хибридно засилена 155. Тоа значи дека адреналинската 1,5 литарска ST варијанта повеќе не е во понуда што секако ќе се одрази ако не на продажбата тогаш на имиџот на овој модел. Место неа сега е на располагање трицилиндричниот агрегат со 170 коњски сили, што е далеку послабо од претходните 200.

Истовремено Ford објави дека Focus ќе престане да се произведува во фабриката во Саарлуис во Германија со што сигурноста на 3.500 работници е загрозена. Тоа е во согласност со најголемата трансформација во историјата на европската филијала на компанијата во која цената на електрификацијата досега ја платија уште и Mondeo, S-Max и Galaxy.

Синдикатите нормално се спротивставија на ова, но откако во јавноста истекоа информациите дека одредени кинески компании се заинтересирани за овие капацитети, престанаа да се бунтуваат. За возврат нивните членови добија солидни отпремнини и можност за преквалификација.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER