Ford Mustang – Нова генерација на дивиот коњ

Среќниот број седум?

Аглест, посилeн и значително поелектронски, но не и електрифициран е првиот впечаток за Mustang кој треба да се допадне на „милениумците“.

Тукушто претставената седма генерација на култниот Ford Mustang кого производителот го промовира како „целосно нов” ги превзема структурата и многу компоненти од претходниот модел. Но, промените се значајни. Новиот Mustang ќе продолжи да се нуди во купе и кабриолет верзии, а ќе биде достапен со избор од 2,3-литарски четири цилиндричен мотор со турбополнач или 5,0-литарски V8.

Веќе на самиот старт достапна е екстремно спортска верзија наречена Dark Horse, чиј модифициран V8 агрегат испорачува над 500 КС. Таа е дизајнирана за секојдневно користење и викенд галопи на тркачката патека. Со додавката R „темниот коњ“ е чисто тркачки автомобил без хомологација за сообраќај. За влезната изведба со четири цилиндри обезбеден е шест степен рачен менувач, додека десетстепениот автоматик е резервиран за потентната V8-ка. Споменатиот спортски рафинат може да се добие и со мануелен менувач кој има автоматско зголемување на вртежите при менувањето на преноси. Инженерите на синиот овал се колнат дека управувањето е подиректно од претходниата генерација, а достапни се шест електронски контролирани режими на возење. Динамичните возни деликатеси вклучуваат оптимизирано подвозје и бројни трикови како што е „drift brake” со кое на задната оска може да се применат многу поголеми сили на сопирање отколку со нормалната рачна сопирачка за да се предизвика подуправување.

„Пакетот за перформанси” е достапен за сите изведби а вклучува покрути амортизери, посебни тркала и сопирачки, ладилник за масло и диференцијал со ограничено пролизгување. Кокпитот, кој претходно изгледаше многу класичен, во иднина ќе се карактеризира со големи екрани. Достапен е аудио систем Bang & Olufsen како опција, а љубопитниот Alexa секогаш е на услуга. Со овие зафати Ford сака да ја привлече растечката клиентела на милениумците или генерацијата Z.

Иако оваа клиентела сака видео игри, тие се заинтересирани и за вистински спортски автомобили. Надворешноста беше развиена прилично претпазливо, иако на крајот сè беше редизајнирано. Mustang изгледа поаглесто, уште поимпресивно и со своите LED фарови, исто така помодерно. Патем, линијата на покривот е намерно дизајнирана да го олесни влегувањето и излегувањето. Mustang би требало да биде достапен за нарачка во Европа од третиот квартал на идната година. Љубителите на марката треба да бидат среќни што по електричниот Mustang Mach-E, дивиот коњ продолжи понатаму и се врати на оригиналната патека.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER