Ford – F 150 Lightning

Иконата на струја

Најпродаваното возило во северна Америка ги задржа мускулите но го менува погонот

објавено 26. мај 2021

Започнаа да летаат искри во електричниот пикап сегмент во Америка – после Tesla, General Motors и неколку други нови имиња, сега и Ford го претстави својот адут. За разлика од нивните модели, тој е базиран на F-150 кој е најпродавано возило на Новиот Континент. Тоа му дава право да го користи наследството таложено со децении, заради што и Ford очекува купувачите повеќе да му веруваат. За секој случај и цената е пониска и стартува од одлични 40 илјади долари. Во понуда ќе бидат две изведби, со електромотори со 426 и 563 коњски сили и мамутски 1051 Nm.

Првата ќе има автономија од 370 а посилната од 482 километри, додека и двете ќе имаат сериски погон на сите тркала и каросерија со двојна кабина. Можностите за користење различни полначи се бројни, при што на најмоќниот од 150 киловати ќе му бидат потребни малку над 40 минути за полнење до 80 отсто од капацитетот на батериите. Внатрешноста му е модерна и добро опремена, а има и два багажника. Носивоста му изнесува околу еден тон и може да влече приколка тешка меѓу три ипол и четири ипол тона во зависност од верзијата. Значајно е и тоа што Ford F-150 Lightning може со струја да напојува и надворешни уреди. Веднаш по претставувањето од Ford се пофалија дека иако ќе започне да се произведува кон средината на идната година, за првите 12 часа се примени дури 20.000 резервации за него.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER