Ford F-150 Lightning – Започна производството

Молњата излета до Форд Руж

Високо технолошкиот центар за електрични возила на Ford е родното место на електричната верзија на најпродаваното возило во северна Америка. Lightning е најиновативниот F-150 што досега е направен и може да ја превземе улогата на паметна централа од 10 киловати. Почетокот на производството означи уште еден феномен, а тоа е интересот за F-150 Lightning чии нарачки преставуваат дури три четвртини од нарачките на сите електрични модели на Ford во САД. Тоа се должи на извонредната популарност што ја ужива овој модел и феноменалната цена која започнува од 40.000 долари. Понудени се две изведби со сила од 313 и 413 киловати и две големини на батерии кои овозможуваат домет од 390 до 500 километри. Форд има невидена побарувачка за F-150 Lightning со 200.000 резервации, па го прошири Центарот за електрични возила Руж за да го зголеми производството до планираната годишна стапка од 150.000 примероци во 2023 година. Дека работите одат во саканиот смер покажува изјавата на Џим Фарли, првиот човек на Форд, во која се пофали за нова инвестиција во фабрика за потполно нов електричен модел. Форд е на пат да испорача повеќе од 2 милиони електрични возила годишно до 2026 година, што е еднакво на околу една третина од глобалниот обем на компанијата.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER