Ford – Струен удар на финансиите

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Поради огромни загуби на електричните возила, Ford ги стопира инвестициите во нив

На рулетот наречен електрични возила многу традиционални компании бежат црвени салда. Една од нив е Ford Motor Company која трпи тешки загуби што се однесува на ЕВ. Имено, со последниот финансиски извештај за третиот квартал на годинава компанијата објави дека изгубила 1,3 милијарди долари во периодот јуни-септември 2023 или дека трпи загуби во висина од 36.000 долари на секое продадено ЕВ. Огранокот за производство на електрични возила соопшти дека ќе го намали производството на Mustang Mach-E и ќе го одложи пуштањето во функција на новата фабриката за батерии.

Ford успеа да продаде 20.962 електрични возила во третиот квартал на годинава, благодарение на зголеменото производство на Mustang Mach-E чија продажба порасна за 42,5 проценти во споменатиот период на 14.824 продадени примероци, од кои 5.872 само во септември. Испораките на EV на компанијата се зголемија за 44 проценти, што доведе до вкупен раст од 26 проценти. За жал, тоа е пирова победа. И покрај поголемиот обем, загубите на ЕВ продолжија да растат во третиот квартал, при што компанијата забележа оперативна загуба од 1,3 милијарди долари, што е зголемување од 1,1 милијарди долари во однос на претходниот квартал и повеќе од двојно од нејзината загуба од 3-тиот квартал 2022 година.

За целата 2023 година Ford очекува загуба од 4,5 милијарди долари на електричнитe возила. Соодветно на тоа Ford го намалува производството на Mustang Mach-E и го одложува стртувањето една од двете фабрики за батерии што планира да ги отвори во Кентаки. Компанијата не соопшти колку долго ќе ги одложи своите инвестиции за електрични возила или фабрика за батерии. Сепак, другата фабрика за батерии во Кентаки и комплексот Син овален град во Тенеси остануваат на вистинскиот пат. Компанијата не ги откажува планираните ЕВ од втората генерација и голем пикап.

Дополнителен притисок врз трошоците на Ford ќе се изврши со пробниот договор со синдикатот на работниците во автомобилската индустрија што вклучува зголемување на платите од 25 отсто за 57.000 работници во период од пет години. Според проценките, новиот договор со синдикатот ќе ги зголеми трошоците за работна сила од 850 до 900 долари по возило. Досега, поради 41 дневниот штрајк на синдикатот резултираше со изгубено производство на 80.000 возила со што практично беа збришани 1,2 милијарди долари од приходот во третиот квартал.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER