За поголема безбедност
Ford патентираше тавански воздушни перници. Ваквите воздушни перници би се спуштале од таванот целосно опкружувајќи ги патниците назад, но не и возачот и совозачот. Компанијата планира да ги вградува во своите модели кои имаат по два или три реда седишта. Над секое од нив во површината на таванот би биле вградени прстенести лежишта во кои би биле сместени воздушните перници со облик на цевки поврзани со заедничко платно. При нивното активирање тие би се спуштале опкружувајќи ги патниците кои на тој начин од сите страни би биле заштитени од удари при сообраќајни несреќи. Од патентната документација се гледа дека ваквите воздушни перници би можеле да се вградат и на седишта свртени едни кон други, што сугерира дека можат да се користат и кај автономните возила.