Ford и Stellantis – Размислуваат за повлекување од Обединетото Кралство

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Се бара нов рок за адаптација на Брекзит

И три години после напуштањето на Европската Унија, сенките на опашките на Брегзит сé уште се надвиснуваат над британската автомобилска индустрија.

Ford и Stellantis скоро истовремено побараа олеснување на трговските правила односно продолжување на важењето на сегашните до 2027 година. Причината како наведуваат се пореметените синџири на снабдување што посебно се одразува на производството на деловите кои се увезуваат или извезуваат во Европа. Како наведуваат двата производитела, потешкотиите со кои се соочуваат во своето работење не можат да се надминат без големи и економски неоправдани трошоци, што неминовно ќе резултира со затворање на фабриките и релоцирање на производството во некои други земји.

Според Ford доведени се во прашање и идните инвестиции во висина од 380 милиони фунти планирани за изградба на капацитети за производство на електромотори. Stellantis не го поткрепува своето барање со бројки, но ситуацијата во која се наоѓа е слична заради што сé уште прецизно ја нема одредено судбината на своите погони таму. Со сегашните правила засегнати се и другите производители кои имаат фабрики во Велика Британија, но тие засега се воздржани со коментарите. Единствено Nissan излезе со оптимистичко соопштение дека и наследникот на електричниот Leaf кој се очекува во 2026-тата ќе се произведува во Британија. Според аналитичарите ако не се најде задоволително решение цената на неуспехот ќе ја платат 800.000 луѓе чии работни места се поврзани со автомобилската индустрија.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER