Ќе го стигне ли Fisker лошата судбина уште еднаш?
Компанијата изворно настаната скоро истовремено кога и Tesla иако имаше добар производ првиот пат не успеа да преживее. Но нејзиниот основач Хенрик Фискер не се откажуваше и со нова група инвеститори повторно се обиде. Електричниот кросовер Ocean беше дочекан со големи надежи, а и плановите за понатамошен развој на компанијата беа позитивно оценети.
Но резултатите повторно изостанаа и сега 15 отсто од работниците ќе мора да бидат отпуштени. Лансирањето на вториот модел Pear се одложува, а сомнежите во способноста на компанијата да продолжи со работа растат. Причината за сето ова е слабата продажба од само 5.000 возила лани, кои ни оддалеку не го донесоа потребните средства. Се проценува дека на компанијата само за да преживее во моментов и фалат околу 200 милиони долари, заради што се водат преговори со други производители на возила за нејзин финансиски спас. Се споменува дека во игра е Nissan кој би можел да вложи 400 милиони долари во замена за електричните технологии, но официјална потврда за ова нема.