FIAT Fastback – Бразилски одговор

Нов костум за самба

Групацијата Stellantis го актуелизира своето присуство во Латинска америка

Додека во Европа ја очекуваме комерцијализацијата на Peugeot 408 и Citroen C4 X, во Бразил се најавува почетокот на производството на FIAT Fastback.

Скроен по дизајнерскиот терк на споменатите модели, новиот кросовер е поставен на платформа што веќе е во локална употреба со меѓуоскино растојание од 252 сантиметри. Без сомнение ова е одговор на успешниот Volkswagen Nivus, на нас познат како Taigo. Додека Nivus/Taigo се базираат на Volkswagen Polo, FIAT Fastback произлегува од Argo, хечбек од Б-сегментот.

Моделот треба да стигне до бразилските клиенти на почеток на есента, но се најавува повисока цена од конкурентот на Фолксваген. Досега, бразилскиот печат објави дека ќе се продава само со 1-литарски турбо мотор Firefly кој испорачува 130 КС при согорување на етанол. Посилен дериват, со 1,3-литарскиот турбо мотор Firefly со моќност до 185 коњи, ќе ја добие значката Abarth. Со оглед дека во Европа ќе пристигне VW Taigo се наметнува прашањето дали на Стариот континент ќе заигра FIAT Fastback? По се изгледа дека за тоа шансите се помалку веројатни токму поради двата новитети што Французите ќе ги пуштат во продажба во почетокот на 2023 година.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER