FIAT 500 –2,5 милиони произведени

Вести

Тиши со нов рекорд

Фабриката во Полска има долга историја со FIAT

објавено 23. март 2021

Историјата на производство на автомобили во Полска започна 1957 година кога од лентата излезе првиот лиценцен модел 126р. Долго време таму се призведуваше втората генерација на Panda која ја смени 500 во 2007 година. Сите три модели ја надминаа границата од два милиони. Најдалеку добутка ”петстотката“ чиј дваипол милионити примерок  од фабриката на Стелантис беше упатен во Франција. Верзијата со три цилиндерски мотор има 70 КС и опремена е со умерен хибрид. Од почетокот на производството FIAT 500 се продава во 100 земји ширум планетата додека само 20% од нив завршиле во ”родната“ Италија. Без оглед што се произведува во Полска, моделот 500 се комуницира како изворно италијански правејќи неколку специјални изведби со познати модни брендови како Diesel, Gucci и GQ. Во својата кариера моделот 500 е еден од најнаградуваните автомобили во светот со евидентирани повеќе од 60 меѓународни трофеи.