Веста која се прошири од седиштето на италијанскиот производител во Обединетото Кралство ги изненади добрите познавачи на приликите. Како дел од групацијата Stellantis, FIAT ја гледа својата иднина исклучиво на погон со нулти емисии. Во склад со тоа од први јули нема веќе да нуди модели само со мотори на внатрешно согорување. Ова нема драстично да се одрази на продажбата на италијанските модели бидејќи лани повеќе од 60% од продажбата се електрифицираните модели и FIAT е500, кој патем речено е втор во европската продажба на електрични возила, веднаш зад Tesla. Сегашната понуда на хибридни и БЕВ модели на FIAT ја предводи е500 а ја сочинуваат Panda, Tipo и кросоверот 500X во хибридни изданија. Овој маневар ќе ја намали просечната емисија на СО2 и ќе отвори простор за продажба на Abarth кој во понудата има исклучиво бензински мотори. Кај островјаните популарноста на жешките 124 Spider and 595 не опаѓа, но во блиска иднина на шкорпионот ќе му биде додадена батерија.
Бидете информирани
Добивајте информации за сите новости од Авто Магазин
Menu