Ferrari – SP48 Unica

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

Новиот уникат од Маранело

Да се поседува Ferrari е прашање на страст. Па, тогаш што да се каже кога некој поседува уникатно изработен примерок на растегнатото коњче? За таквите изведби задолжена е екипата од Центарот за стилизирање на Ферари под раководство на Флавио Манцони, главен директор за дизајн. SP48 Unica е спортска берлинета со две седишта развиена на платформата на F8 Tributo. Уникатниот нарачан автомобил е направени според спецификациите на еден клиент и дизајниран како јасен израз на неговите индивидуални барања. Затегнатите линии и агресивната појава го прават веднаш препознатлив во однос на оригиналниот модел, а исто така е уникатен, благодарение на неговиот преден профил во облик на стрела. Клучен аспект на дизајнот на овој уникат е употребата на моделирање и 3D прототипови што им овозможи на дизајнерите и инженерите од Маранело целосно да ја редизајнираат предната решетка и доводите за воздух на моторот. Овој напреден процес на производство резултираше со совршени 3D решетки кои изгледаат монолитно создавајќи чувство на беспрекорен континуитет и динамична флуидност. Најголемите промени во споредба со стилот на F8 Tributo ги вклучуваат доводите за воздух за ладење на моторот на предниот браник и под задниот спојлер. Конфигурацијата на автомобилот, исто така, им овозможи на инженерите да лоцираат довод за интеркулерот веднаш зад страничните прозорци. Подолгиот заден надвис ја засилува силата на потисокот на дискретно најавениот турбо мотор. Секој проект потекнува од идеја изнесена од клиентот, а потоа развиена со тим дизајнери од Центарот за стилизирање на Ферари. Целиот процес во просек трае повеќе од една година, а за тоа време клиентот е тесно вклучен во оценувањето на фазите на дизајн и нивна верификација. Резултатот е уникатна изведба изработена по сопствени желби и подржана со сето знаење од Маранело. А за ќеиф… Ќесето треба силно да се одврзе!

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 92.00ден
  • еуросупер 98 - 94.00ден
  • еуродизел Д5 - 86.00ден
  • течен нафтен гас - 51.00ден
  • метан - 108.50ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER