Ferrari – Рекордна заработувачка

Минатата 2025-та беше добра година за Ferrari!

Продажбата која изнесуваше 13.640 возила безмалку се задржа на ниво од претходната година но затоа приходите пораснаа на 7,1 милијарди евра.

Се зголеми и нето профитот на здрави 1,6 милијарди евра а со тоа и бонусите кои компанијата традиционално ги доделува на своите вработени – тие годинава ќе изнесуваат дури 14.900 евра.

Сума за почит, за која на пример може да се купи Fiat Grande Panda во Италија каде единствено работниците на Ferrari ги следува наградата за сработеното – оние во странство немаат право на неа.

И годинава сигурно ќе биде плодна за компанијата – целото планираното производство веќе е распродадено а книгата со нарачки е полна и за скоро цела 2027-ма. Ќе има и новитети – покрај електричниот Luce уште четири други модели како дел од амбициите до 2030-тата да бидат претставени најмалку 20 нови автомобили.

Според проценките тогаш 40 отсто од возилата на марката треба да имаат бензински мотори, исто толку хибридни а преостанатите 20 отсто ќе бидат на електричен погон.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER