Ferrari Purosangue Handling Speciale

Во очекување на својот прв електричен модел Ferrari поработи малку и на Purosangue – подготви верзија наменета за оние кои бараат врвно задоволство во возењето.

Наречена е Handling Speciale што укажува каде лежат промените – новото подесување на ослонувањето обезбедува подобар контакт меѓу тркалата и патот и го намалува нишањето на каросеријата.

Како резултат на тоа се одржува попрецизно водење низ свиоците за што придонесува и побрзиот одговор на осумстепениот менувач со двојна спојка. Визуелно се разликува само во детали а звукот на 6,5 литарскиот атмосферски V12 мотор посилно се пренесува во кабината при остри забрзувања.

Клучните карактеристики остануваат непроменети – 725 коњски сили, забрзување до сто на час за 3,3 секунди и максимална брзина од 310 километри на час. Она што најмногу е променето е цената која изнесува 430.000 евра – за 40 илјади повеќе од стандардниот модели.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER