Ferrari и грижата за луѓето

Ferrari има нов проект но тој нема врска со автомобилите или формула 1

Италијанскиот производител отвори дијагностички центар. Опремен со најсовремена врвна медицинска технологија, тој ќе биде на располагање на вработените во компанијата и граѓаните од Маранело и блиската околина. Изведен е во соработка со медицинскиот партнер Med-Ex и Philips кој ја обезбеди дијагностичката опрема. Идејата е да се овозможи брза и квалитетна превентивна медицинска грижа без потреба за патувања во големите болници во оддалечените градови. Затоа и имаше силна поддршка од регионалните власти и локалните здравствени служби. Освен превентивните прегледи планирано е овој центар да стане и платформа за епидемиолошки истражувања. Од Ferrari нагласуваат дека проектот не е замислен како комерцијален потфат – секој евентуален вишок на средства ќе се реинвестира во дополнителна медицинска едукација преку стипендии за младите лекари.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER