Ferrari 812 GTS » Најсилниот кабриолет во светот

Најсилниот кабриолет во светот

Фераристите се во екстаза – марката од Маранело претстави два новитета

Објавено на 10 септември 2019 година

Вториот, Ferrari 812 GTS, е поинтересен. Информациите за него се појавија уште во јули, но тогаш не се знаеше дека ќе го носи епитетот најсилниот кабриолет во светот. Како и F8 Spider и тој има склопив тврд покрив, кој се отвоара или затвора за 14 секунди при брзини до 45 km/h. За погон на овој 1.600 kg тежок модел се грижи 6,5 литарскиот V12 мотор од Superfast кој располага са 800 KS и 718 Nm – првите ги остварува при 8.500, а вторите при 7.000 вртежи во минута. Сета таа сила се пренесува на задните тркала преку 7-степен менувач со двојна спојка, лансирајќи го до 100 km/h за помалку од 3, а до 200 за 8,3 секунди. Максимално може да повлече преку 340 km/h. За него од Ferrari уште наведуваат дека има багажник од 210 литри, тркала од 20 инчи, дискови на сопирачките од 398 напред и 360 mm назад. Она што не го наведуваат е дека уште од времето на 365 GTS4, значи околу половина век, Ferrari не вградуваше V12 машини во кабриолетите од редовната понуда – сé што во меѓувреме се појави беа специјални изведби. Интересно е и дека задното стакло кое служи како дефлектор се задвижува електрично, со што се отстрануваат сите бариери према V12 мелодијата.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER