Новата едиција на Ferrari 296 се вика GTS
Спајдер каросеријата има подвижен покрив поради кого е жртвуван багажникот кој, кај овој модел, се наоѓа зад седиштата. Него му се потребни 14 секунди да ја претвори кабината во величенствен спортски егземплар.
Со притискање на копче, тој се преклопува во два дела и се сместува над поклопецот на моторот. По архитектура V6 со турбо стероиди од три литри се пумпаат 663 коњи, кои нараснуваат на 830 со помош на плаг-ин хибридниот систем. Силата стига до тркалата преку осум степен менувач со двојна спојка, веќе познат од неколку модели од Маранело.
Во чисто електричен модус на возење може да достигне 135 км/ч. Фабриката декларира дека првата стотка се постигнува за 2,9 секунди, до 200 потребни се 7,6 секунди а максималната брзина е 330 км/ч. Ова е одличен показател затоа што поради неопходните зајакнувања на конструкцијата и механизмот за покривот 296 GTS е за 70 килограми потежок од 296 GTB. Како и кај купе верзијата и во спајдерот возачот нема многу да се офајди од возење на струја.
Автономијата што ја дозволува батеријата е само 25 километри. Годинава ова е прва промоција од Маранело, а за неколку месеци би требало да се претстави првото спортско-корисно возило Purosange.


