Ferrari – Прифаќа плаќање во криптовалути

Почнувајќи во САД, а наскоро и во Европа, Ferrari ќе може да се купи со крипто валути

Италијанската компанија, која лани продаде 13.200 автомобили, со цени кои започнуваат од над 200.000 евра и достигнуваат до 2 милиони евра. Портфолиото на нарачки на компанијата е силно и целосно резервирано до 2025 година, но компанијата сака да да го прошири кругот на купувачи. Една од стратегиите е можноста скапите автомобили што ги произведува да се платат со крипто валути.

Во Ferrari сметаат дека овој потег ќе помогне да се поврзат со луѓе кои не се нивни клиенти, но би можеле да си дозволат некој модел од Модена. Ова не е единствен пример кај луксузните производи чии купувачи не се грижат за цените. Компанијата планира да ја прошири крипто шемата во Европа до првиот квартал на следната година, а потоа и во другите региони каде крипто е законски прифатено. Цените нема да се променат, а процесорот за плаќање Bitpay веднаш ќе ги претвори уплатите со крипто во традиционална валута во име на дилерите на Ferrari, за да бидат заштитени од нивните големи флуктуации.

BitPay ќе се грижи виртуелните валути да доаѓаат од легитимни извори и да не потекнуваат од криминални активности или да се користат за перење приходи од криминал или за избегнување данок. Големо мнозинство на компании се оддалечија од крипто валутите, бидејќи нестабилноста на биткоинот и другите токени ги прави непрактични за трговија. Исто така, високата употреба на енергија при „копањето“ го спречија ширењето на криптото како средство за плаќање. Tesla, која во 2021 година почна да прифаќа плаќање во биткоин, најголемата крипто монета, но набрзо прекина со оваа пракса поради еколошки грижи.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER