Faraday Future – Одложено лансирање

FF91 бара пари да финишира…

Најавен за крајот на месецов, дебито на FF91 е неизвесно и за последниот квартал годинава!

Поради недостиг на финансии Faraday Future го одложи дебито на својот луксузен електричен кросовер FF91. Стартапот за електрични возила со седиште во САД беше основан во 2014 година и излезе на берза во јули 2021 година. Пред многу години Фарадеј вети дека ќе започне со производство и продажба на кросоверот FF91 уште во 2018 година, но беше принуден неколку пати да ја одложи испораката на своето прво возило на масовниот пазар. На компанијата и требаат дополнителни средства за комерцијално лансирање на FF 91 и во моментов се обидува да собере капитал за да ги финансира своите операции до 31 декември 2022 година. Компанијата соопшти дека сака да собере околу 325 милиони долари. Како што изјавуваат, Фарадеј ќе продолжи со плановите за производство на електрични возила во Кина со отворање фабрика и ангажирање на Geely да обезбеди производствени услуги.

Одложувањето доаѓа поради „домашни кавги“ помеѓу бордот и оснивачот Џиа Јуетинг. Кон крајот на јуни, акционерската група поврзана со него побара смена на директор на стартапот за што требал да добие 700.000 американски долари во возврат за неговата оставка. Акционерите рекоа дека му понудиле на Фарадеј спас од „најмалку 100 милиони долари“ под услов директорот да поднесе оставка. Неколку дена подоцна, групата го обвини стартапот дека не ја третирал понудата согласно со итноста на нејзината финансиска состојба. Во јазикот на сапунските опери ова значи дека расплетот ќе следи по неколку епизоди…

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER