EuroNCAP – Доставните возила се безбедни

EuroNCAP за прв пат тестираше како работат електронските асистенти кај помалите комби возила.

Под лупа беа ставени повеќето модели активни на пазарот, меѓу кои имаше и потполно електрични.

Renault Kangoo van

Покрај класичното кршење на доставните возила, испитувањата беа посебно фокусирани на техничките системи за спречување несреќи а оценките иако можеби очекувани, благо кажано се дискутабилни.

VW ID Buzz Cargo

Генерално може да се каже дека бидејќи  ваквите возила имаат и свои патнички изведби, нивото на безбедност кај нив е добро.

Citroen Berlingo Van

Но не кај сите – цената на овие возила е битен фактор и производителите за да бидат поконкурентни знаат да скратат по нешто и да ги нудат безбедносните системи како опција.

Opel Combo Van

Според EuroNCAP посебен проблем е што дилерите не ги охрабруваат купувачите да доплатат за нив, како што тоа знаат да го прават кај патничките автомобили.

Volkswagen Caddy

Ако се погледнат подобро резултатите ќе се забележат големи разлики меѓу оценките за  безбедноста што ја нудат возилата, произлезени токму од различното ниво на нивната опременост.

Mercedes-Benz Citan

Со оглед на постигнатото, EuroNCAP ги повикува производителите да ги направат безбедносните електронски системи подостапни во оваа категорија возила.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER